Шок за Веспрем: Палмарсон почна штрајк!

Првиот работен ден на Љубомир Врањеш во Веспрем почна со шок откако Арон Палмарсон објави дека нема намера да тренира со унгарскиот тим и дека ќе се врати назад дома во Исланд. Одличниот бек се појавил на првиот ден од подготовките, но непосредно пред стартот на тренингот со ваквиот став ги шокирал и новиот тренер и соиграчите.

Денеска почнаа тренинзите на нашиот клуб, а Арон Палмарсон 15 минути пред почетокот на тренингот го извести тренерот дека не сака да тренира, туку ќе се врати назад во Исланд. Љубомир Врањеш го информираше раководството на клубот за оваа случка, со која ракометарот покажа непочитување кон соиграчите, бидејќи професионален спортист не може своите интереси да ги стави пред тимските. Раководството на клубот ќе ги разгледува опциите за казна на ракометарот, кој ги прекршува одредбите од договорот што ги има со важност до 2018 година“ – објавија челниците на унгарскиот гигант.

Не е тајна дека Исланѓанецот има договор со Барселона за преселба во овој клуб од 2018 година, а дел од медиумите ваквиот однос на Палмарсон го оценуваат како притисок врз Веспрем за да дозволи негов трансфер веќе во текот на летово. Унгарците бараа отштета од еден милион евра, што Барса одби да ја плати.

На крајот од месец јуни, Веспрем и Барселона се договорија ракометарот да остане во нашите редови бидејќи Барселона не сакаше да го откупи неговиот договор за претстојната сезона. Ситуацијата е јасна и ракометарот нема право да реагира кога има валиден договор со Веспрем“ – децидни се од раководството на овој клуб.

Се вчитува...