Шокантен инцидент: Рагбист буквално нокаутираше судија, го чека доживотна суспензија!

Француски рагби играч се соочува со доживотна забрана за настап откако нокаутираше среде натпревар судија, пред потоа и физички да се пресметка со противничките играчи во инцидентот кој го шокираше светот.

Француските медиуми не сакаат да го идентификуваат рагбистот, кој игра за Сент Естив. Инцидентот е на Куп натпреварот на Франција против Тулуз. Судијата беше буквално нокаутиран откако го испрати рагбистот надвор од терен поради несоодветни гестикулации кон публиката.

Откако го удри судијата, противниците потоа се стрчаа кон него а тој стартуваше физичка пресметка и со нив…

Претседателот на Сент Естив, Кристијан Коза информираше по натпреварот дека рагбистот е веднаш суспендиран од клубот, а и самиот од морални причини, поради инцидентот, си поднесе неотповиклива оставка од челната позиција.

„Овој исти играч претходно беше суспендиран на четири натпревари на почетокот од сезоната. Јас не сакав повторно да се врати на терените, но ете повторно играше и направи ваков шокантен инцидент“ – рече Коза.

Претседателот на Француската федерација, пак, повика на висока казна за рагбистот, очекувајќи националната дисциплинска комисија доживотно да го исклучи од спортот.

Се вчитува...