Шокантно: Пронајдени бомби под стадионот во Битола!

Пелистер се подготвува за враќање на својот стадион, но тоа би можело да биде дополнително одложено откако денеска беше откриено дека при градежните работи за изградба на северната трибина биле откриени бомби во делот под стадионот.

Како што информираше „ТВ Мега“ од Битола, станува збор за над шеесет експлозивни направи кои датираат уште од Првата светска војна, а кои не се експлодирани.

Како што информираат од битолските служби, првата пријава се однесувала на артилериска граната и мина од минофрлач, но откако стручни лица пристигнале на местото на настанот биле пронајдени уште голем број на експлозивни направи.

Работата на северната трибина од стадионот ќе продолжи, но официјалните лица истакнаа дека е голема веројатноста и во следниот период да се најдат слични направи, за кои треба веднаш да се повикаат одговорните служби наместо граѓаните самите да доаѓаат во допир со нив.

видео: ТВ Мега

[youtube id=”41lg27uYygw” width=”640″ height=”380″]

Се вчитува...