Шон Еванс последното парче од мозаикот на Работнички

Шон Еванс е последното име од шампионскиот мозаик што го подготвува Марин Докузовски, откако трофејниот стратег реши пред крајот на преодниот рок да доведе странско засилување што ќе помогне во борбата под обрачите во Супер-лигата и во плејофот. Работнички делуваше извонредно во досегашниот дел од сезоната, но и покрај скорот од 22-0 раководството на клубот реши дополнително да ги засили своите редови пред битката за титулата.

Димитар Караџовски веќе потпиша договор, а вечерва истото го стори и Еванс, крилниот центар кој пристигнува од редовите на Бока јуниорс од Аргентина. Станува збор за 29-годишен кошаркар кој во кариерата во Европа има настапувано во Германија, Израел, Турција и во Грција, кој експресно ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на лидерот во македонскиот шампионат.

Со доаѓањето на Американецот уште повеќе се засилува центарската линија на Работнички, каде Докузовски на располагање веќе ги имаше Чековски, Николовски и Крстевски.

Се вчитува...