Шоу на „Камп ноу“: Кутињо ги поздрави своите нови фанови

Барселона и официјално го претстави рекордното засилување Филипе Кутињо на „Камп ноу“. Бразилецот претходно го стави својот потпис на договорот откако ги заврши сите медицински прегледи, за потоа да истрча на тревата на прекрасниот стадион да ја поздрави публиката која го нестрпливо го чекаше.

Шест илјади фанови го пречекаа нивниот најскап играч во историјата на клубот, но за неговото деби ќе мора да почекаат најмалку три недели, бидејќи Кутињо се уште се нема сосема опоравено од повредата на бутниот мускул.

„Го остварив мојот сон. Неверојатно е, сонував да играм на овој стадион, ова беше единствена можност да го направам тоа и мило ми е што пристигнав тука. Иако нема да можам да помогнам на тимот во Лигата на шампиони оваа пролет, ќе се борам со сета сила во следните пет години. Драго ми е што ќе заиграм и со најдобриот играч на светот, Лионел Меси, чест е да се игра покрај него. Сакам да се заблагодарам на претседателот Бартомеу што се потруди да го оствари овој трансфер, но и да го оствари мојот сон. Се надевам дека ќе се оддолжам на клубот за напорите кои ги вложија да ме донесат тука“, истакна Кутињо.

 https://twitter.com/FCBarcelona/status/950349778788925442  

Се вчитува...