Шпанија доаѓа во Скопје, елитните квалификации до 17 години ги играме во Полска!

УЕФА ги одреди домаќините и термините за одигрување на елитните квалификации но и првата фаза од следните квалификации 2018/2019 за репрезентациите до 17 и до 19 години.

Како што е познато, Македонија до 19 години ќе биде домаќин на елитниот турнир за пласман на ЕП на групата во која се и Англија, Летонија и Унгарија. Елитниот турнир од Групата 2 ќе се игра од 21. до 27. март во Скопје. Само првопласираната селекција ќе патува на ЕП.

Елитни квалификации У19

Селекцијата до 17 години предводена од Горан Станиќ, пак, елитните квалификации ќе ги игра на турнирот во Полска, исто така од 21. до 27. март. Македонија е во група со домаќинот Полска, Р. Ирска и Грузија. Првопласираните селекции од осумтте групи, како и седумте најдобри второпласирани репрезентации ќе одат на ЕП.

Елитни квалификации У17

Македонија, пак, ќе биде домаќин и на групата од првата фаза квалификации за репрезентации до 17 години за следниот квалификациски турнир. Во Скопје доаѓа една од најдобрите светски селекции Шпанија која е во нашата група, заедно со Израел и Фарските острови. Турнирот ќе се игра од 20. до 26. октомври следната година.

Квалификации 2018-19 У17

Репрезентацијата до 19 години следниот квалификациски циклус 2018/2019 ќе го почне на турнирот од првата фаза во Чешка, во периодот од 14. до 20. ноември. Македонија е во група со домаќинот Чешка, Хрватска и Луксембург.

Квалификации 2018-19 У19

Се вчитува...