Шпанија е во полуфинале, Германците без одговор за браќата Гасол

Шпанија е првиот полуфиналист на Евробаскет 2017, откако бранителот на трофејот славеше на дуелот со Германија со резултат 84-72. Германците се покажаа како незгоден ривал во првите 25 минути од полуфиналето, за потоа „фуријата“ да ги збрише за помалку од пет минути, предводена од Марк Гасол и неговите 12 поени во финишот од третата четвртина.

Германија фуриозно го почна натпреварот и набрзина поведе со 7-0. Пау Гасол ги постигна првите поени за „црвената фурија“, Германците набрзина потоа поведоа и со 11-2, по што Шпанија полека, но сигурно почна да влегува во ритам. Водството на противникот се топеше пред се благодарение на браќата Гасол, кои беа единствените стрелци за Шпанците во првите осум минути од мечот (16-13 за Германија). Германскиот национален тим ја доби стартната четвртина со 19-16, за потоа благодарение на тројката на Ло повторно да дојде до „плус шест“. Сепак, влегувањето на Серхио Родригез ја раздвижи играта на Шпанија во нападот, па „црвената фурија“ со поените на Пау Гасол поведе со 27-32. Германците не се предадоа, повторно влегоа во мини-серија, па на одмор се замина со минимално водство на „црвената фурија“ од 33-34.

sreder germanija spanija

Сам Еметерио го отвори со тројка второто полувреме, но германските кошаркари веднаш имаа одговор, го свртеа резултатот во своја полза и неколку минути се играше израмнето, со промени во водството на двете селекции. Сепак, во вториот дел од третата четвртина проработе шутот од далечина на шпанскиот состав, па по тројките на Састре, Родригез и на Марк Гасол „фуријата“ поведе со 56-50, а германскиот селектор побара тајмаут. Сепак, Марк Гасол ја продолжи својата серија со нови шест поени, па Шпанија првпат поведе со двоцифрена позитива (62-50), за во последните десет минути да се влезе со водство на актуелниот европски првак од 65-53, со новата тројка на Марк Гасол, трета за него во третата четвртина.

Последниот период беше само рутина за искусните шпански кошаркари, кои знаеја како да ја сочуваат предноста се до конечните 84-72.

Марк Гасол беше главна фигура на ова четвртфинале со 28 поени, 10 скока, 4 асистенции и две блокади. Пау Гасол постигна 19 поени, а Серхио Родригез имаше 11 поени и седум асистенции во триумфот на Шпанците. Прв стрелец на Германија очекувано беше 27 поени, 8 асистенции, но и дури седум загубени топки.

pau gasol germanija

Противник на Шпанија во полуфинале ќе биде подобриот од дуелот Словенија – Летонија, што на програмата е вечерва.

Се вчитува...