Шпанија лесно со Албанија за потврден пат кон Русија, Израел славеше во Лихтенштајн… (видео)

Репрезентација на Шпанија извојува лесна победа од 3-0 против Албанија во 9. коло од квалификациската Група Г со која си го осигура и дефинитивно патот на Светското првенство 2018 во Русија.

Шпанците до триумфот стигнаа со трите погодоци уште во првото полувреме на Родриго, Иско и Алкантара…

Израел, пак, очекувано славеше со 0-1 на гостувањето против Лихтенштајн. Стрелец на единствениот гол беше Тиби во 22. минута од натпреварот.

ГРУПА Г – 9. КОЛО

Италија – МАКЕДОНИЈА 1-1

Шпанија – Албанија 3-0

Лихтенштајн – Израел 0-1

ТАБЕЛА: Шпанија 25 бода, Италија 20, Албанија 13, Израел 12, МАКЕДОНИЈА 8, Лихтенштајн без бодови.

Се вчитува...