Шпанија на колена, Вајсер ја искачи Германија на врвот на Европа

Германија е новиот европски првак за фудбалери до 21-годишна возраст откако во вечерашното финале германскиот состав славеше над Шпанија со минимални 1-0.

„Црвената фурија“ влезе во ова финале со улога на благ фаворит, по четирите победи на досегашните четири средби на шампионатот во Полска, но избраниците на селекторот Селадес потфрлија на клучниот меч за трофејот. Германските репрезентативци го изненадија противникот со фантастичен пресинг во првото полувреме, што им овозможи на избраниците на селекторот Кунц да создадат неколку убави шанси.

Резултатот беше отворен во 40. минута, кога по едно нафрлање од десната страна одлично се снајде Мичел Вајсер, кој со фантастичен удар со глава го матираше Кепа и донесе водство на Германија. Шпанците очекувано заиграа многу поофанзивно, создадоа и неколку убави можности, но не успеаја да ја затресат противничката мрежа, по што Германците заслужено се искачија на тронот на овој шампионат.

Mitchell Weiser Goal HD – Germany U21 1 – 0… by footballvideostv1

Се вчитува...