Шпанските гиганти пак се избегнаа во Копа дел реј

Најдобрите шпански клубови повторно се избегнаа меѓу себе во Копа дел реј, при денешното извлекување на двојките за четвртфиналето од кралскиот куп.

Реал Мадрид по елиминацијата на Севилја за противник ќе ја има Селта, екипа што во претходната рунда рутински ја мина Валенсија. Повеќе проблеми се очекува да има Барселона, која за битка во полуфиналето ќе се бори со Реал Сосиедад, тим што традиционално им создава огромни главоболки на каталонците, пред се на натпреварите во Сан Себастијан.

Атлетико Мадрид за ривал во полуфиналето го доби составот на Еибар, а најмало внимание ќе привлече двомечот меѓу Алавес и Алкоркон.

Се вчитува...