Штефан Вујчиќ доаѓа во Шкупи, се чека и потписот на Баже Илијоски

Македонскиот прволигаш Шкупи е еден од најактивните на трансфер – пазарот во пресрет на пролетниот дел од сезоната. По вклучувањето на новиот спонзор, раководството на Шкупи тргна во купување на искусни и квалитетни фудбалери. Штефан Вујчиќ, одличниот играч за врска кој зимава си замина од Шкендија, а претходно го носеше дресот на Работнички, е ново засилување на тимот од Чаир. Тој беше во преговори за враќање меѓу „романтичарите“, но очигледно дека Шкупи излезе со подобра понуда.

Во Шкупи треба да пристигне и најдобриот стрелец во историјата на македонското првенство Баже Илијоски. Тој се раздели со Пелистер, и како слободен агент ќе пристигне на Чаир. Завршните преговори се во тек, и се очекува финализација до крајот на денот.

Се вчитува...