Штербик: Дојдовме, видовме, победивме... - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
24/07/2017 22:22
Ракомет
24/07/2017 21:25
Ракомет
24/07/2017 20:37
Фудбал
24/07/2017 20:08

Штербик: Дојдовме, видовме, победивме…

Штербик: Дојдовме, видовме, победивме…

ЕКИПА во Брест,

Томас Ѓоргиевски

Кога Арпад Штербик ќе влезе во ритам, Вардар секогаш победува. Тоа „непишано правило“ се потврди и вечерва, откако токму благодарение на извонредниот голман „црвено-црните“ влегоа во серија во второто полувреме и на крајот заслужено славеа над бранителот на трофејот Веспрем.

Лани игравме многу добро против нив, но на крајот имавме пад на концентрацијата и го загубивме тоа финале. Оваа година дојдовме со желба да го добиеме Веспрем, цела година се боревме да влеземе на фајналфор, тука сме, дојдовме до финалето и сторивме се за сега ние да бидеме тие што ќе се радуваат. Мислам дека ние имавме поголема желба од нив, Веспрем можеби и малку се штедеше за финалето од Купот на Унгарија што е многу важно за нив. Во секој случај оваа победа е огромна за нас бидејќи знаете дека и да го победите Веспрем на пријателски меч е значаен триумф, камоли во едно финале“ – изјави Арпад Штербик веднаш по големото финале.

Искусниот голман смета дека „вардарци“ ќе мора да играат уште подобро отколку на ова финале доколку сакаат да го елиминираат Фленсбург и да се пласираат на фајналфор турнирот од Лигата на шампионите.

Има уште две седмици до дуелот со Фленсбург, тогаш може да се случат многу работи, верувам дека ние ќе играме уште подобро во тие четвртфинални пресметки. Тоа ќе биде неопходно бидејќи Фленсбург за мене е една од најдобрите екипи во светот, моментален лидер во Бундес-лигата“ – истакна Штербик.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.