Штербик пак е во Топ 5, но не е избран за голман на колото

Арпад Штербик повторно беше феноменален на голот на Вардар, а со една од своите бројни одбрани тој се најде и на Топ-листата од најдобри интервенции во десеттото коло од ЛШ.

Штербик го освои четвртото место, а на врвот се најде Адреас Волф од Кил, сите одбрани од оваа топ-листа можете да ги проследите на следниот ЛИНК .

Вардар прими само 15 гола на дуелот со Кристијанштад, но изненадувачки ниту тоа не беше доволно за Штербик да биде избран за најдобар голман во 10. коло од ЛШ, епитет што му припадна на Волф за неговата улога на германското дерби меѓу Фленсбург и Кил.

Се вчитува...