Штербик со една од ТОП 5 одбрани на колото во ЛШ… (видео)

Арпад Штербик, како по обичај, беше клучната фигура во победата на Вардар на гостувањето против ППД Загреб во 7. коло од Лигата на шампионите.

Вардаровиот голман мечот го заврши со 17 одбрани, од кои онаа двојната во првото полувреме неизбежно се издвои во најдобрите пет и според изборот на ЕХФ, кој ја смести на третата позиција според атрактивност.

Изборот на Арпад Штербик меѓу голманите со најдобри одбрани на колото може да го погледнете на следниот ЛИНК.

 

Се вчитува...