Штерјовски по поразот од Шкендија: Бевме тотално деконцентрирани во одбраната

Победа успеа да направи големо изенадување со триумфот (2-1) над Вардар, но веќе во следното коло следеше убедлив пораз од Шкендија (4-0) во Тетово. Тренерот Зоран Штерјовски вели дека одбраната на прилепскиот прволигаш на овој меч не била на потребното ниво.

„Шкендија рано го отвори резултатот со гол што следеше по слободен удар, а по ова на домашните им беше полесно во продолжението на натпреварот. Ние париравме по примениот гол и добро бевме организирани, но во второто полувреме работите тргнаа лошо за нас уште по примениот втор гол. Внесовме во игра втор напаѓач наместо одбранбен фудбалер и им дозволивме на домаќините многу повеќе простор. Бевме тотално деконцентрирани во одбраната што резултираше со уште два примени гола и уште неколку шанси за противникот. Се на се, бевме тотално надиграни во второто полувреме, а резултатот можеше да биде и поубедлив во корист на Шкендија“, анализира шефот на стручниот штаб на Победа, Зоран Штерјовски.  

Се вчитува...