Штерјовски се враќа во Кратово: Немаме избор, Победа мора по бодови…

Имаше забележителни резултати и како стратег на клупата на Силекс пред две сезони… Зоран Штерјовски сега се враќа во Кратово но како шеф на стручниот штаб на Победа на неделниот натпревар од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига.

По ремито со Пелистер на стартот од пролетта, во битката за опстанок за Победа неизбежни се бодови и на гостувањето против Силекс. Тоа е сосема познато и за Штерјовски…

„За нас нема избор. Ние секој натпревар го сфаќаме максимално сериозно без разлика со кој противник треба да играме. Силекс е квалитетен и искусен состав кој неколку години игра заедно. Сигурно ова е натпревар од големо значење за двете екипи бидејќи тие претендираат за горниот дел на табелата а ние да ги избегнеме последните три места на табелата. Се надевам на успех на овој натпревар. Ние нема да се предадеме. Имаме свои квалитети и секако дека успешно ќе одговориме на овој предизвик“ – вели Штерјовски кој добро ги познава поголемиот дел од фудбалери на кратовскиот прволигаш.

„Јас добро и знам поголемиот дел од играчите на Силекс. Секако и тоа е некоја предност за нас. Силекс под водство на Жикица Тасевски игра навистина цврст фудбал, рамноправен со секој противник. Домашниот терен е мала предност за нив но и ние имаме свои позитивни страни. Ако одиграме максимално концентрирано во текот на сите 90 минути мислам дека ќе извлечеме поволен резултат“ – вели Штерјовски.

Се вчитува...