Штерјовски си поднесе оставка во Победа!

Зоран Штерјовски си поднесе оставка од тренерска функција на прволигашот Победа по вчерашниот пораз од Работнички од 2-4 во 6. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„По вчерашниот пораз од Работнички, втор на свој терен а вкупно трет во шестте кола од почетокот на сезоната на Првата лига прекината е соработката на ФК Победа и досегашниот шеф на стручниот штаб, Зоран Штерјовски. Лошите резултати и само само пет освоени бодови беа причина Штерјовски да понуди оставка која од клупското раководство е прифатена а денес е реализиран и формалниот дел околу раскинот а договорот. За ден-два се очекува да биде назначен негов наследник откако раководството ќе пресече по разговорите со повеќе тренери кои се во тек. Денешниот претпладневен тренинг на екипата го водеа помошниците Вршкоски и Кебакоски“ – се вели во официјалното соопштение од ФК Победа.

Се вчитува...