Што е разликата меѓу „Златните топки“ на Роналдо и на Меси?

Кристијано Роналдо ја освои петтата „Златна топка“ и се изедначи со Меси. Пред мечот со Севиља, ѕвездата на Реал Мадрид на теренот направи „изложба“ на вредните трофеи. А,  фудбалските аналитичари направија споредба на „златните пет“ на Роналдо со „златните пет“ на Меси. Бројката е иста, но нарцисоидноста на Роналдо ја прави разликата.Постојано се провлекуваат приказните дека Роналдо поради егоизмот и вообразеноста, не е многу омилен кај своите соиграчи. Тој пак вели дека не го сакаат затоа што е „убав, успешен и најдобар во тоа што го прави“, а по доделувањето на последната „Златна топка“ и „скромно“ констатира дека тој е најдобар фудбалер на сите времиња.Фановите на Меси не се согласуваат со оваа констатација, но фактите велат дека во последните пет години Португалецот со престижното признание води 4-1 против Меси кој пак ги имаше своите „златни минути“ до 2012 година.Разлика има во моментите овековечен на следните фотографии…меси топкироналдо топки 

Се вчитува...