Што ја одбележа изминатата сезона во Формула 1?! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
24/02/2017 13:42
Меѓ. Фудбал
24/02/2017 13:18
Меѓ. Фудбал
23/02/2017 20:54
Фудбал
23/02/2017 15:31

Што ја одбележа изминатата сезона во Формула 1?!

Што ја одбележа изминатата сезона во Формула 1?!

Сезона број 67, 2016 година – некому прва, некому последна.. Нови шампиони, нова свежа крв и неколку неочекувани повлекувања…

Тронот е ’сребрен’, Мерцедес е двократен шампион (повторно)

mercedes finalna

Механичарите на Мерцедес имаат со што да се пофалат. Германскиот тим е неприкосновен на врвот во Ф1 неколку сезони по ред, а ниту изминатата не беше нешто поразлично. Само на две трки (Шпанија и Малезија) возачите на „сребрените стрели“ не успеаја да освојат победи, но и тогаш се ’довлечкаа’ до подиумот. Тимската хемија од сезона во сезона опаѓа. Нико Розберг и Луис Хамилтон сè повеќе не можат да функционираат еден покрај друг за што зборува и инцидентот во Шпанија кога Хамилтон го ’собра’ Робзерг  и двајцата возачи останаа без бодови по само еден извозен круг. Непослушност, недисциплина, непријателска атмосфера и – две шампионски титули. Можеби тоа е ’рецептот’ по кој треба да се водат другите тимови во Ф1 бидејќи и покрај сè, Мерцедес е стациониран на врвот и не планира да се симне од тронот, барем не во скоро време.

Малдонадо доби наследник; прекоманда во Ред Бул и пишување нова историја

maldonado finalna

Првите четири Ф1 викенди минаа во апсолутна доминација на „сребрените стрели“. Нико Розберг победи на сите четири, а потоа следеше мала ’семејна’ драма во резиденцијата на биковите. Данил Квјат беше крунисан како новиот Пастор Малдонадо од генералната публика што го примора Ред Бул да направи некаква измена во своите редови. Позитивната страна од тоа да се има два сестрински тимови во Ф1, очигледно, е фактот што можете среде сезона да си ги трампате возачите. Новиот Малдонадо за недисциплина доби прекоманда во понискиот ранг, во Торо Росо, додека младиот Макс Верстапен доби прилика да се натпреварува со поконкурентен болид. Можеби знаеја Кристијан Хорнер и Хелмут Марко дека тоа беше потегот кој ја одбележа изминатата сезона.

Ред Бул со Даниел Рикардо и Макс Верстапен во своите редови  донесе свежина во Ф1 која и тоа како беше потребна, како на трките така и на подиумот. Верстапен ја оправда довербата на Ред Бул и заедно со тимскиот колега од Австралија испиша нова историја во најбрзиот циркус во светот. На првата трка на која Верстапен управуваше со болидот на Ред Бул се запиша во историјата како најмлад победник, а поради неговиот агресивен стил на возење во текот на сезоната, младиот Холанѓанец се закити со епитетот ’наследник на Сена’. На наредната трка, време беше и Рикардо да ги демонстрира своите квалитети, па ја освои пол-позицијата за трката за ГН Монако. До крајот на сезоната, Рикардо освои уште само една победа за Ред Бул, во Малезија, но и двајцата возачи докажаа дека имаат конкурентен болид кој е за нијанса подобар и од Ферари. Двајцата возачи и идната сезона ќе останат во истиот тим.

А, каде се Ферари и Мекларен?!

alonso

За тим кој има 16 шампионски титули во конкуренцијата на конструктори и една помалку во конкуренцијата на возачи, Ферари воопшто не наликува на стартиот тим кој секогаш се бореше за првите стартни редови и за подиумот. Возачите, двајцата поранешни шампиони, се задоволуваа само со пласман во бодовната зона и, Маурицио Аривабене не го доби тоа што го посакуваше. Со далеку понеконкурентен болид, тоа беше сè што можеше Ферари да стори во изминатава сезона – трето место во генералниот поредок во конкуренцијата на конструктори, огромни 70 бода зад второпласираниот Ред Бул. Податокот дека Кими Раиконен, шампион од 2007 година, се нема искачено на највисокото место на подиумот од 2013 година е порзителен. Себастијан Фетел, кој има четири светски титули, последната во 2013 година, последен пат освои победа кон крајот на 2015 година. Во неколку навртати од италијанскиот тим имаше најави за подобар агрегат кој ќе им овозможи битка за победа на возачите, но тоа не се случи.

Идентичен случај е и со Мекларен кој во изминативе три сезони е во врска со Хондаоткако претходно ја раскина долгогодишната љубов која ја негуваше кон моторите Мерцедес. Двајца поранешни шампиони, Фернандо Алонсо и Џенсон Батон, се во кокпитот на Мекларен кој заврши на неславното шесто место во генералниот поредок. Најавите на челниците на тимот дека се способни за борба за титулата повеќе наидоа на потсмев отколку на стравопочит од другите тимови.

Крај на една ера, почеток на нова: Делумни пензии наспроти новите имиња на гридот

masa vo rbazil

Батон, Розберг и Маса (најверојатно) се имињата кои в година нема да ги гледаме на гридот. Седумнаесет сезони мина Џенсон Батон низ гаражите, а во 2009 година се закити и со шампионската титула со Браун ГП. Австралиецот во септември одлучи дека е време да се повлече од најбрзиот циркус во светот, но не во целост. Батон останува како тест-возач во Мекларен со кого ги мина изминатите седум години и не ја отфрли можноста во иднина повторно да седне зад воланот. Една седмица подоцна уште еден ветеран на гридт одлучи да се повлече. Фелипе Маса имаше емотивно простување од трката за Големата Награда на Бразил, неговата домашна, но како што стојат работите Бразилецот в година можеби повторно ќе се врати. Вилијамс ја разгледува опцијата да го задржи искусниот возач уште една сезона и веројатноста дека ќе успее во тоа е огромна. Третата пензија за оваа сезона дојде како гром од ведро небо. Нико Розберг ја освои својата прва шампионска титула, која воедно е и негова последна. Германецот одлучи да и стави крај на својата кариера долга 11 години. Возачот на Мерцедес го достигна својот врв и токму тука сака да запре. Розберг не даде јасни насоки во кој правец ќе се движи неговата кариера во иднината па не се исклучува опцијата дека повторно ќе се врати во Ф1.

Штофел Вандорн, Естебан Окон, Ленс Строл се имињата кои в година ќе добијат шанса да се пробијат во светот на Формула 1. Вандорн беше замена за Фернандо Алонсо  во Бахреин и го освои својот прв бод додека Естебан Окон ја извозе втората половина од сезоната, но најдобриот успех му беше пласман на 12. место. Ленс Строл е најновото име на гридот, светски шампион во три помали категории кој допрва ќе се бори за да остане забележан во светот на Ф1.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.