Шукер не остава на случајности: Далиќ ќе ја предводи Хрватска и на мундијалот во Русија

Златко Далиќ ќе ја предводи фудбалската репрезентација на Хрватска и на Светското првенство во Русија. По успешниот настан во баражот за СП против селекцијата на Грција, како и претходниот триумф потив Украина на гости на крајот од квалификациите, беше повеќе од јасно дека Далиќ ја заслужи довербата од ХНС да ги предводи „коцкестите“ и на мундијалот.

„Златко Далиќ апсолутно ја оправда нашата доверба на натпреварите против Украина и против Грција, и потврди дека беше одличен избор после Финска. Како што брзо се договоривме и кога првпат се слушнавме телефонски, така и сега многу брзо постигнавме договор, што само потврдува дека имаме заеднички интерес, а тоа е успехот на хрватската репрезентација. Му честитам на селекторото за одличната работа во овој кус изминат период, и му посакувам многу успеси и во иднина. Ние како ХНС ќе сториме се за да овозможиме максимални услови за подготовки во пресрет на СП во Русија“, изјави Давор Шукер.

Селекторот Златко Далиќ верува дека успешно ќе продолжи да ја води Хрватска и на Светското првенство.

„Горд сум на тоа што го направивме во изминатите три натпревари, затоа што пласманот на СП е од огромна важност за целиот хрватски фудбал, но и за државата во целина. Сакам да се заблагодарам на довербата и можам да ветам дека и понатаму напорно ќе работам за репрезентацијата да игра на што е можно повисоко ниво“, истакна Златко Далиќ.

Се вчитува...