Швајцарците „преполовени“ во Скопје на мегдан со Македонија

Швајцарскиот национален тим денеска ќе пристигне во Скопје за утрешниот дуел против Македонија, што ќе биде прв за оваа селекција во претквалификациите за ЕП 2021. Швајцарците важат за аутсајдери во групата крај Македонија и Словачка, а згора на тоа нивниот селектор Џанлука Барилари се соочува со сериозни проблеми пред пристигнувањето во Скопје.

Имено, Барилари за овој дуел нема да може да смета на Даниел Анѓелковиќ, Нејтан Јурковиц, Џонатан Казади, Марко Портанесе и Бранко Томиќ, со што уште повеќе се намалуваат шансите на гостите за евентуална сензација во Скопје.

svajcarija sostav

На списокот на швајцарскиот селектор има само двајца кошаркари кои настапуваат во странство.

Се вчитува...