Шведска ги скроти „петлите“ по бламажата на Лорис… (видео)

Шведска извојува значајна победа од 2-1 против Франција во 6. коло од квалификациите за СП 2018.

Швеѓаните ги скротија „петлите“ со голот на Тоивонен во 93. минута од средбата. Претходно, Французите поведоа со голот на Жиру во 37. минута, а израмни Дурмаз во 43. минута. Но, Франција загуби по бламажата на голманот Лорис во самиот финиш.

All Goals & highlights HD – Sweden 2-1 France… by footyscore

Сигурни до триумф беа Холанѓаните против Луксембург победувајќи со 5-0. Белорусија, пак, славеше со 2-1 против Бугарија со погодоците на Сиваков и Савитски.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2018

ГРУПА А (6. коло)

Шведска – Франција 2-1

Белорусија – Бугарија 2-1

Холандија – Луксембург 5-0

ТАБЕЛА: Шведска 13 бода, Франција 12 бода, Холандија 10, Бугарија 9, Белорусија 5, Луксембург 1 бод.

ГРУПА Х (6. коло)

Естонија – Белгија 0-2

БиХ – Грција 0-0

Грибралтар – Кипар 1-2

ТАБЕЛА: Белгија 16 бода, Грција 12, БиХ 11, Кипар 7, Естонија 4, Грибралтар без бодови.

Се вчитува...