Си замина Бош, Борусија конечно победи

Тренерската смена во Борусија Дортмунд вроди со плод, па „милионерите“ веднаш по заминувањето на Петер Бош и ангажманот на новиот тренер Штегер се вратија на победнички патеки, триумфирајќи на незгодното гостување во Мајнц со 0-2. „Милионерите“ до три бода стигнаа со одличниот настап во второто полувреме, со погодоците што ги постигнаа Папастатопулос и Кагава.

Фрајбург триумфираше со 1-0 над Борусија Менхенгладбах, за првпат сезонава врзувајќи две победи во низа, додека Ајнтрахт славеше на гостувањето против Хамбургер со 1-2.

Волфсбург и Лајпциг ремизираа 1-1, први поведоа домаќините со голот на Верхег од пенал, а Лајпциг израмни преку Халстенберг на почетокот од второто полувреме.

Резултати Германија:

Волфсбург – Лајпциг 1-1, Мајнц – Борусија Д. 0-2, Хамбургер – Ајнтрахт 1-2, Фрајбург – Борусија М. 1-0.

Се вчитува...