Сигурдсон не знае да губи: Дадовте повеќе голови, затоа победивте

На изминатите големи натпреварувања во бројни наврати сме имале можност за комуникација со Гудјон Валур Сигурдсон, големиот ас на исландската репрезентација кој секогаш знаел да издвои време за медиумите. Сепак, тоа не беше случај по вечерашниот дуел откако Сигурдсон не го криеше лошото расположение.

Дадовте повеќе голови, затоа победивте. Нема врска со тактиката, тоа е ракомет, да се дадат повеќе голови“ – кратко ја прокоментира средбата во Скопје.

Левото крило не беше ништо „поречито“ ниту кога станува збор за следниот меч во Рејкјавик.

Тоа е тоа, ќе играме уште 60 минути. Ќе видиме кој ќе победи“ – истакна Сигурдсон пред да се упати назад кон соблекувалната на својата селекција.

Големите играчи, оние од класата на исландскиот ас, треба да бидат големи и при поразите. Тоа дефинитивно не беше случај вечерва во Скопје.

Се вчитува...