Силекс амбициозно во новата сезона: На први три бода против Скопје!

Под водство на еден од најдобрите македонски стратези, Жикица Тасевски, фудбалерите на Силекс амбициозно ја очекуваат и новата сезона во домашната прва лига.

Кратовци не кријат дека желба сезонава ќе биде место на европската сцена, и покрај тоа што ќе биде повеќе од тешко во максимално сериозна конкуренција против екипите на Работнички, Ренова, Пелистер, Победа кои исто така ја посакуваат Европа.

Силекс денеска од 17 часот во Кратово стартува со новиот прволигашки предизвик, посакувајќи три бода од дуелот против повратникот во Првата лига, екипата на Скопје.

„Минавме навистина квалитетни подготовки, но сето тоа сега ќе треба да се продолжи и во шампионатот. Секако дека посакуваме три бода од дуелот со Скопје, екипа која воопшто не ја потценуваме. Но ние сме подготвени со максимален ангажман да стигнеме до посакуваниот триумф“ – вели крилниот офанзивец на Силекс, Филип Тимов.

ПРВА ЛИГА – 1. КОЛО (денеска, 17 ч.)

Прилеп: ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР

Кратово: СИЛЕКС – СКОПЈЕ

Скопје: ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

ВЧЕРА

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 2-0

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 0-0

Се вчитува...