Симона Крстаноска прави трансфер во Спартак Суботица - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
12/12/2017 22:01
Ракомет
12/12/2017 17:39
Ракомет
12/12/2017 11:00
Коментари
11/12/2017 12:49

Симона Крстаноска прави трансфер во Спартак Суботица

Симона Крстаноска прави трансфер во Спартак Суботица

Македонската фудбалска репрезентативка Симона Крстаноска својата кариера ќе ја продолжи во соседна Србија, во тимот на Спартак Суботица, еден од најдобро организираните клубови на Балканот. Таа и во минатото, на свои 17 години, беше во овој клуб, но потоа се врати во Македонија. Крстаноска важи за една од најталентираните македонски фудбалерки, а во Спартак Суботица заминува од редовите на ЖФК Истатов.

Во изминатата сезона Крстаноска ја надмина сериозната повреда на коленото, и се врати на фудбалските терени, покажувајќи дека не загубила ниту дел од својот квалитет. Своевремено таа беше стрелец на фантастични 15 голови на еден натпревар во Македонија.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.