Симоновски го постигна и четвртиот гол во дресот на Лахти сезонава

Македонскиот интернационалец Марко Симоновски го постигна и својот четврти гол сезонава во дресот на финскиот прволигаш Лахти.

Во 15. коло од шампионатот на Финска, Симоновски го одигра целиот натпревар за Лахти притоа стрелајќи и во 81. минута од средбата за својот тим во победата од 4-1 против ХИФК.

Марко Симоновски и претходното коло постигна гол за реми (1-1) на гостувањето против ПС Кеми.

Simonovski Goal HD PS Kemi 0 – 1 Lahti 21… by livefootball10

Со четири гола по 14 одиграни натпревари македонскиот офанзивец е меѓу десетте најдобри стрелци во шампионатот на Финска.

Лахти во моментов е на четвртото место на табелата со 20 бода, три бода помалку од третопласираниот Мариахмн и шест бода помалку од второпласираниот ВПС, но и со натпревар помалку од водечката тројка.

Се вчитува...