Симоновски: Ние играчите сме виновни за поразот од Игокеа

МЗТ Скопје одигра очаен натпревар против Игокеа, меч во кој гостите речиси цел меч водеа и на крајот заслужено стигнаа до победата. Иако средбата беше од огромно значење за „металците“, избраниците на Анте Назор потклекнаа под притисокот, одиграа далеку под своите можности и со наведнати глави го напуштија теренот. Хрватскиот стратег по мечот го критикуваше пристапот и незалагањето на своите кошаркари, а капитенот Марко Симоновски посочи дека вината треба да се бара исклучиво кај кошаркарите.

Бевме под притисок бидејќи моравме да го добиеме натпреварот со Игокеа, тоа се покажа како голем проблем. Лошо ја отворивме средбата, како во нападот, така и во одбраната, направивме голем број на кардинални грешки. Игокеа одигра добор, но овој пораз е само од нас самите. Ние играчите ја преземаме вината за неуспехот“ – истакна Симоновски.

МЗТ Скопје во следното коло му гостува на Будуќност, меч на кој „металците“ се апсолутни аутсајдери, за потоа во последното коло на домашен терен против Морнар да го игра клучниот меч за опстанок во АБА-лигата.

Се вчитува...