Симоновски повторно стрелец за Лахти

Македонскиот напаѓач Марко Симоновски продолжува со одличната гол-форма во шампионатот на Финска.

Симоновски го постигна и својот шестти гол сезонава во дресот на Лахти, во ремито (2-2) на неговиот тим на гостувањето против Купс во 18. коло. Македонскиот интернационалец погоди во 61. минута за водство на гостите од 0-1, но до крајот на мечот домашните успеаја да дојдат до бод.

Лахти по 18 кола е на третото место на табелата со 28 бода, осум помалку од водечкиот Хелсинки.

Се вчитува...