Симовски го објави списокот на ракометарки за ЕХФ-неделата

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објави списокот на репрезентативки повикани за подготовки за време на ЕХФ националната недела (13-19.03.2017).

Симовски се реши за 22 ракометарки, кои ќе се подготвуваат за квалификацискиот двомеч против Шведска за пласман на Светското Првенство во Германија 2017. Македонија, двата натпревари против Шведска ќе ги одигра на средината на јуни 2017 година.

Првиот собир ќе се одржи во Спортската Сала „Автокоманда“ во Скопје, на 13 март 2017 (понеделник) со почеток од 10:00 часот.

ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРКИ ЗА ЕХФ НЕДЕЛА (13-19.03.2017)

Матеа Серафимова, Драгана Петковска, Љупка Белмезова, Наташа Антиќ, Теодора Керамичиева, Дајана Јовановска, Елена Ливриниќ, Симона Стојановска, Габриела Величковска, Елена Георгиевска, Ангела Тодоровска, Маја Трпковска, Александра Боризовска, Душица Георгиевска, Јована Саздовска, Сара Митова, Сара Ристевска, Наташа Нолевска, Марија Прленда, Ивана Гакидова, Сања Дабевска, Стефанија Мишевска.

Се вчитува...