Симовски го селектира составот за двомечот со Фарски Острови

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски, од поширокиот состав одбра 16 ракометарки за претстојниот двомеч со Фарски Острови во квалификациите за ЕП 2018.

Собирот на репрезентативките ќе се одржи на 19 март (08.00 часот) во СРЦ „Кале“. Со дел од ракометарките кои се ослободени од клупските обврски, ќе почнат со тренинзи во текот на викендов.

Првиот натпревар против Фарски Острови, Македонија ќе го одигра на 21 март на гостински терен во Торшавн, а вториот натпревар е на 25 март во Скопје. Во нашата квалификациска група се уште и сеелекциите не Шведска и на Србија. Пласман на ЕП 2018 обезбедуваат првите две селекции во групата.

Список на повикани ракометарки за прв собир на женска сениорска репрезентација:
Драгана Петковска, Матеја Серафимова, Јована Саздовска, Сара Ристовска, Наташа Нолевска, Теодора Керамичиева, Марија Штериова, Душица Ѓорѓиевска, Елена Ливриниќ, Елена Ѓеорѓијевска, Дајана Јовановска, Ивана Гакидова, Марија Николиќ, Мирјета Бајрамовска, Моника Јанеска, Анастасија Николовска.

На 19 март во истиот термин во салата во Автокоманда е закажан и собирот на женската младинска репрезентација на Македонија за настапот во квалификациите за СП 2018 (У20). Селекторката Јулијана Дамчевска повика 17 ракометарки за претстојните натпревари

Список на повикани ракометарки за прв собир на Женска младинска репрезентација:
Јована Мицевска, Амра Илјаз, Слободанка Кицеска, Милица Николиќ, Јана Калајџиевска, Леонида Гичевска, Марија Гугуљанова, Мила Трајковиќ, Ана Марија Божиновска, Јована Кипријановска, Пена Граматова, Марија Тасевска, Ивона Трпевска, Марија Гајиќ, Аида Брунчевиќ, Аида Смајлоска, Јована Владева.

Младинките од 23 до 25 март ќе настапат на Квалификацискиот турнир за СП што ќе се одигра на Исланд. Во групата со Македонија се Германија, Литванија и домаќинот Исланд. Двете најдобри селекции обезбедуваат настап на СП (У20) што ќе се одржи летово во Унгарија.

Се вчитува...