Синот на Бонучи конечно насмеан: Тато го однесе на средба со идолот Белоти

Леонардо Бонучи е еден од најдобрите фудбалери на Јувентус, столб во одбраната на италијанскиот шампион, но неговиот четиригодишен син Лоренцо е голем навивач на градскиот ривал Торино. Медиумите во Италија ја пренесоа форографијата кога момчето беше тажно, затоа што го носи дресот на Јувентус на прославата на титулата по триумфот над Кротоне, но Леонардо како татко за пример го одведе Лоренцо на средба со неговиот идол.

Андреа Белоти, напаѓачот на Торино, е омилениот фудбалер на маклиот Лоренцо, и имаше можност да се запознае и да се дружи со него.

„Вечерва е комплетно поинаку, а не како на прославата на скудетото“, напиша Леонардо Бонучи на Инстаграм, објавувајќи фотографија на својот син Лоренцо во прегратка на Андреа Белоти.

beloti i lorenco

Се вчитува...