Сите по дома – мечот ќе се доигра утре без навивачи!

Последната четвртина од првиот полуфинален меч меѓу Работнички и Карпош соколи, ќе се доигра утре со почеток во 19 часот без навивачи во салата „Градски парк“, одлучија судиите и делегатот на овој натпревар.

Само за потсетување, до прекин дојде гостите во неколку наврати се жалеа дека се погодени од страна на најверните навивачи на Работнички, по што во втората четвртина следеше „последна опомена“, за на крајот од третиот период судиите при резултат 60-67 да донесат одлука за прекин и да се повлечат кон соблекувалните.

Минаа повеќе од триесет минути од прекинот по завршувањето на третата четвртина, навивачите одбиваат да ја напуштат својата трибина, а официјалните лица се уште се наоѓаат во своите простории во подтрибинскиот простор. Во меѓувреме припадници на полицијата ги обиколија од двете страни фановите, страстите на трибината се смирија, а дел од навивачите од предолго чекање на крајот сепак ја напуштија салата.

Иако за момент се чинеше дека овој натпревар ќе се доигра, судиите на чело со Мицевски и делегатот Пиперков излегоа пред записничката маса, по што беше обелоденета и конечнат одлука, последната четвртина ќе се игра утре со почеток во 19 часот, без присуство на навивачи.

Се вчитува...