Сити го претстави Бернардо Силва: Кога се јави Гвардиола, воопшто не размислував…

Англискиот премиерлигаш Манчестер сити и официијално го претстави своето прво засилување за следната сезона. Тоа е Бернардо Силва, играчот за врска на Монако и португалски репрезентативец, кој доаѓа на „Етихад“ за сума од 60 милиони фунти. Тој од 1 јули и официјално ќе стане нов „граѓанин“ и ќе го засили тимот на Пеп Гвардиола. Одличниот плејмејкер потпиша петгодишен договор со Манчестер сити и ќе го носи дресот со број „20“.

Бернардо Силва изминатава сезона одигра 51 натпревари во дресот на Монако, ја освои шампионската титула во Франција со овој клуб, постигна десет гоила и забележа 10 асистенции.

„Среќен сум што потпишав за еден од најмоќните клубови во светот. Кога дознав дека имам понуда од Пеп Гвардиола воопшто не размислував и го прифатив предизвикот. Ќе биде ова за мене голема можност, да се натпреварувам во Премиер – лигата. Верувам дека со мојот нов тим ќе имаме многу успеси“, изјави Бернардо Силва за официјалниот сајт на Манчестер сити.

Се вчитува...