Сити оди во Украина, Силва и Де Бруин остануваат дома

Манчестер сити веќе го осигура првото место во својата група, па Пеп Гвардиола може да си дозволи да тактизира со составот за утрешното гостување во Украина против Шахтјор, особено ако се знае дека „граѓаните“ в недела ги очекува големото градско дерби против Манчестер јунајтед.

Двајцата клучни играчи од средниот ред, Кевин де Бруин и Давид Силва, воопшто нема да отпатуваат со тимот и ќе добијат заслужен одмор, подготвувајќи се за наредните предизвици во Премиер-лигата. Покрај овие двајца асови, во тимот ќе ги нема ниту повредените Менди и Стоунс, но затоа Гвардиола за Украина ќе носи четири членови на младинската школа, Фил Фоден, Брахим Диаз, Тосин Адарабиојо и Даниел Гримшо, од кои двајца би можеле дури и да го стартуваат утрешниот меч.

„Граѓаните“ дури и со пораз остануваат на чело на групата, додека Шахтјор мора да освои најмалку еден бод за да се пласира во осминафиналето од ЛШ. Украинците би можеле да останат на второто место и во случај на пораз, но тогаш ќе им треба услуга од Феенорд, холандскиот тим да не загуби на домашен терен од Наполи.

Се вчитува...