Сити си направи „од готово – вересија“: Од готов триумф, само реми со Тотенхем

Манчестер сити испушти сигурна победа во 22. коло од Премиер лигата на дуелот против Тотенхем на домашен терен.

„Граѓаните“ до 60. минута имаа предност од 2-0, а потоа дозволија два гола на противникот за конечние 2-2. Сити дојде до предност со голот на Сане во 49. минута. На 2-0 зголеми Де Бруин во 54. минута, а потоа следеа двата погодоци на гостите. Најпрво на Али во 58. минута, а Сон Хеунг-Мин ги постави конечните 2-2 во 77. минута.

All Goals HD- Manchester City 2-2 Tottenham… by nammakudla

По ова реми, Манчестер сити остана на петтата позиција со 43 бода, додека Тотенхем е на второто место со 46 бода, шест помалку од водечкиот Челси, кој има и натпревар помалку.

Се вчитува...