„Скај спортс“ тврди: Обамејанг останува во Дортмунд!

Пјер Емерик Обамејанг по сите изгледи ќе остане во редовите на Борусија Дортмунд, известува германската телевизија „Скај спортс“. Иако Габонецот беше сигурен дека до крајот на август ќе облече дрес на друг клуб,  оваа новост произлегува непосредно по завршувањето на пријателскиот натпревар помеѓу Милан и Дортмунд, во кој напаѓачот два пати се запиша во листата на стрелци против неговиот поранешен клуб.

Токму Милан е клубот кој реши да ја исплати астрономската сума која „милионерите“ ја бараа (70 милиони евра), Челси исто така чекаше ред за преговори, но, 28-годишниот голгетер според „Скај спортс“ќе остане во Бундеслигата.

Неговиот договор со германскиот клуб истекува во 2020 година, па доколку нешто не се смени до крајот на преодниот рок, Обамејанг најверојатно ќе го испочитува до крај.

Се вчитува...