Скандал пред почетокот на НБА: Тепачка на тренингот на Чикаго, Миротиќ тешко повреден!

Уште не почната НБА сезона веќе ја одбележа скандал на стартот, заокружен со тешка повреда на шпанскиот кошаркар со црногорско потекло од редовите на Чикаго булс, Никола Миротиќ.

Миротиќ го очекува подолга пауза од терените откако се здоби со тепки повреди на коските на лицето по скандалозната физичка пресметка на тренингот на Чикаго булс со соиграчот Боби Портис. Во тепачката на Миротиќ му беше скршена централната коска на лицето, по што итно е пренесен во болница каде е подложен на хируршка интервенција.

Од друга страна, како што информираат од клубот, Портис го чека тешка казна поради нападот на соиграчот. Па, Чикаго всушност ќе остане без двајца кошаркари на стартот од сезоната, покрај повредата на Миротиќ извесно е дека Портис ќе добие суспензија од неколку месеци.

Чикаго во петок ја отвора НБА сезоната со пресметката против Торонто.

Се вчитува...