Скандал во Шпанија, претседателот на Малага најави пораз од Реал

Претседателот на Малага, Абдула Ал-Тани, на социјалните мрежи објави несекојдневна мисла, но со оправдана причина поради коментарите на Луис Енрике околу натпреварот меѓу Малага и Реал Мадрид, меч кој ќе се одигра во последното коло од шпанското првенство.

Имено, тој би изреволтиран поради изјавата на Лучо, во која вели дека не верува дека Малага ќе даде 100% на натпреварот против Реал, по кој ќе биде решен шампионот на Шпанија, а причина за тоа е Мичел, тренерот на Малага и поранешен играч на „кралевите“. Претседателот исто така упати навредливи зборови за раководството на Барселона и истакна дека коментарот за Мичел бил сосема непотребен.

„Каталонскиот џган нема ни да ја помириса титулата во Примера поради лагите за Мичел“ – напиша Ал-Тани на Твитер.

Медиумите во Каталонија ова го објавија како скандал, сметаат дека Малага ќе му ги подари трите бода на Реал Мадрид во последното коло, за да можат да се радуваат на шампионскиот трофеј кој последен пат го освоиле во 2012 година.

По ваквите коментари, раководството на Барселона веднаш реагираше, па објавата на Твитер од претседателот Ал-Тани ќе биде предадена на комитетот за против насилство и ќе поднесат тужба за прекршување на принципите за фер плеј и етиката на спортот, односно фудбалот.

Се вчитува...