Скапо платена победа: Милик пак го повреди коленото

Наполи стигна до трите бода на гостувањето против Спал, но шестиот триумф во низа во Серија А беше прескапо платен со оглед на новата тешка повреда што ја заработи Аркадиуш Милик.

Полскиот голгетер, кој паузираше повеќе од шест месеци поради повреда на левото колено, денеска го повреди коленото на десната нога. Тој влезе во игра на дваесетина минути до крајот при резултат 1-1, но не го дочека крајот откако остана да лежии на теренот, по што веднаш стана јасно дека повредата е сериозна.

„Веднаш беше ставен лед на местото на повредата, а за утре се закажани детални лекарски прегледи по што ќе биде јасно колкава ќе биде паузата на Милик“ – соопштија од лекарскиот тим на „наполитанците“.

Се вчитува...