Скапоцено парче хартија: Билет за финалето на ЛШ „на црно“ вреди 5.000 фунти!

Фудбалскиот свет е фокусиран кон Кардиф каде вечерва (20.45 часот) ќе се одигра финалето на Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Јувентус. „Кралевите“ сакаат да го одбранат трофејот, Италијанците сакаат по долга пауза повторно да го приграбат, а нивните фанови единствено што сакаат е да го гледаат во живо овој мегаспектакл. Но, нема место за сите на стадионот „Милениум“ во Кардиф.

Информациите говорат дека повеќе од 80.000 фанови на двата клуба се пристигнати во Кардиф без билети. Тие во последен момент ќе се обидат да стигнат до скапоценото парче хартија за влез на стадионот, а тоа, секако, ја зголеми до небо и цената на билетите на „црниот пазар“. Во моментот, билет за финалето на ЛШ вреди околу 5.000 фунти, цена што може и да се зголемува како што ќе се ближи почетокот на натпреварот.

 

Се вчитува...