Сколари: Роналдо во Кина, зошто да не… ме прашува каков е животот таму

Поранешниот португалски селектор Луис Фелипе Сколари откри дека Кристијано Роналдо се распрашува за животот во Кина, подгревајќи ги шпекулациите дека португалскиот ас би можел во текот на летово да договори трансфер во ова далечна земја. Сколари, кој имаше успешни резултати како тренер на Гвангжу евергранде, смета дека Кристијано не би направил грешка доколку би си заминал од Мадрид за преселба во Кина.

„Ме прашуваше за животот во Кина, и тоа повеќе од еднаш. Се распрашуваше, а јас му ги кажав сите детали – се најдобро. Нема простор за скептицизам, зошто Роналдо да не замине во Кина. Тој е најдобар во светот и доколку добие интересна понуда треба да ја разгледа. Мојот совет беше: Ако ти се укаже можност – мораш да отидеш во Кина. Не гледам зошто не би го сторил тоа, да не заборавиме дека Кристијано има бројни брендови, а Кина е најголемата земја, најголемиот пазар во светот“ – изјави Сколари.

Португалецот игра во одлична форма во последните два месеци, но управата на Реал Мадрид јасно му стави до знаење дека нема никакви шанси тој да добие нов договор и плата поголема  од онаа на Лионел Меси во Барселона. Токму тоа би можеле да го искористат кинеските клубови, кои сигурно нема да жалат пари за да го доведат еден од најдобрите фудбалери на денешницата. Од таков трансфер добро би заработил и Реал, кој потоа би тргнал во офанзива по Нејмар.

Се вчитува...