Скопје ќе се спасува со Французин и со Србинот Спасоје

Прволигашот од Автокоманда, ФК Скопје ќе има и две интернационални засилувања за пролетниот дел од сезоната во желбата за изборување опстанок во прволигашката конкуренција.

Французинот Жоел Феу Дор Бопесу од францускиот нисколигаш Цалаис РУФЦ треба да биде ново име во составот на Љупчо Марковски за продолжението од сезоната, како и српскиот голман Спасоје Стефановиќ.

25-годишниот Стефановиќ доаѓа од редовите на Раднички Крагујевац, а претходно во својата кариера настапувал и за Телеоптик и Раднички Обреновац.

И двајцата фудбалери потпишаа договори со тимот од Автокоманда до крајот на актуелната сезона.

Како што е познато, претходно Скопје се договори и за ангажман на офанзивецот Филип Петковски кој исто така се договори до крајот на сезоната.

Се вчитува...