Скопје трчаше 10 километри (фотогалерија)

Околу 900 натпреварувачи го исполнија булевар „Илинден“ за Скопје трча 10КМ (Skopje Run 10K). Атмосферата беше исполнета со радост, забава и фер натпревар кој дефинитивно го одбележа спортскиот начин на живеење во Скопје.

Сакам да упатам честитки за одличната организација на уличната трка на 10 километри – Скопје Трча. Имавме околу 15 земји учеснички и околу 900 натпреварувачи. Ова е уште еден настан кој ја збогатува нашата спортска агенда и овозможува дополнително да се афирмира трчањето во нашата држава. Како Агенција за млади и спорт ќе продолжиме и во претстојниот период да ги поддржуваме овие настани од секој аспект. Целта е да ги развиваме здравите навики кај младите, кај сите граѓани. Трчаме за развој на спортскиот дух, за подобро здравје“, порача Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.

На Скопје трча 10КМ во машката трката од 10 километри прв заврши Дарио Ивановски со 30:55 минути, втор беше Муса Хајдари со 32:28 минути, трет беше Атанас Анчевски со 33:48 минути. Од женските прва беше Греса Бакрачи, со 40:04 минути, второто место го зеде  Весна Кираџиева со 41:32 минути и на третото место заврши Биљана Кираџиева со 43:14 минути. Воедно, и 4то и 5то место земаа награди.

По трката и на првите три според категорија на возраст од 35 до 44 години, од 45 до 54 години и над 55 години им беа доделени дипломи. Воедно, спонзорите на Скопје трча 10КМ во лотарија доделија подароци на сите кои беа избрани по случаен пат.

Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб Работнички и Атлетската федерација на Македонија и тие очекуваат Скопје трча 10КМ да прерасне во традиционален настан.

skopje trca skopje trca2 skopje trca4 skopje trca3 skopje trca6 skopje trca5 skopje trca7 skopje trca8

  

Се вчитува...