Скоти Пипен: Мајкл Џордан со Леброн не се споредува!

Поранешната НБА ѕвезда од најславната генерација на „булси“, Скоти Пипен, не признава дека Леброн Џејмс е подобар од него, а уште помалку од Мајкл Џордан. Во својата богата и трфејна кариера Скоти Пипен со Чикаго булс освои шест шампионски титули во НБА.

Леброн Џејмс има пет прстени и токму поради тоа, Пипен смета дека „кралот“ не е подобар од него.

Леброн не може да биде подобар од мене се додека не освои барем онолку титули колку што освоив јас“ – изјави поранешниот кошаркар на Чикаго булс.

Скоти Пипен ја прокоментира и константната споредба на Џејмс со Мајкл Џордан.

Тој може да биде пред Џордан само за оние кои не разбираат кошарка и кои гледаат само статистика“ – вели Пипен.

Се вчитува...