Скратен избор: Селтик и Легија го чекаат Вардар, најдобра опција Хафнарфјордур

Македонскиот првак Вардар, како неносител, е сместен во подгрупа 3, пред денешниот ждреб за квалификациите во Лигата на шампионите. Веќе е познат и скратениот избор на можни ривали. Најзвучно име е Селтик од Шкотска, а во опција се Легија Варшава (Полска), Марибор (Словенија), Малме (Шведска), Розенборг (Норвешка) и Хафнарфјордур (Исланд).

grupa 3 ls

Ждребот во Нион, кој е закажан за 12 часот, ќе одреди кој ќе биде првиот противник на Вардар во квалификациите за ЛШ. Се чини дека најдобра опција за „црвено-црните“ е Хафнарфјордур, првакот на Исланд.

Се вчитува...