Словенците без Доленец на ЕП против Македонија?! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
17/11/2017 20:24
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55

Словенците без Доленец на ЕП против Македонија?!

Словенците без Доленец на ЕП против Македонија?!

Словенија се соочува со огромен проблем на два месеци пред стартот на ракометното ЕП во Хрватска по информацијата дека Јуре Доленец ќе мора да замине на операција за да ги реши проблемите со менискусот во коленото што го мачат во изминатите неколку месеци. Одличниот десен бек летово од Монпелје се пресели во Барселона, а токму каталонскиот гигант инсистира тој што поскоро да биде опериран, за потоа да биде „фит“ за завршницата на сезоната и битката за европската круна во која Барса повторно планира да атакува на тронот.

Конкретни детали околу должината на паузата се очекуваат во текот на утрешниот ден, но шпанските медиуми откриваат дека Доленец ќе биде „во аут“ до крајот на јануари, што би значело дека тој сигурно ќе го пропушти претстојното Европско Првенство што од средината на првиот месец во 2018 година ќе стартува во Хрватска.

Отсуството на Доленец дефинитивно е добра вест за нашиот национален тим, со оглед на фактот дека десниот бек е еден од клучните играчи на Веселин Вујовиќ во словенечкиот состав, а токму Словенија ќе биде прв ривал на нашата репрезентација на овој европски шампионат. Покрај Словенија, Македонија се наоѓа уште и во група со Германија и со Црна Гора, а пласман во следната рунда обезбедуваат трите најдобри селекции.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.