Случај „Дрон“: Албанецот Моринај екстрадиран во Србија

Фудбалскиот Сојуз на Албанија објави соопштение со кое ги повикува властите од оваа земја да ја спречат ектрадицијата на Исмаил Моринај од Хрватска во Србија.

Моринај е осомничен дека ууправувал со дронот со националистичка содржина, со транспарент на таканаречената „Голема Албанија“, над стадионот во Белград за време на мечот Србија – Албанија, одигран во октомври 2014 година.

Токму дронот предизвика низа инциденти на оваа средба, по која подоцна ФИФА ги казни двете репрезентации, па сега Србите со нетрпение го очекуваат пристигнувањето на Моринај, за што добија и документ од Судот во Дубровник.

Во потполност сме посветени на тоа да ги искористиме сите институционални и правни мерки за одбрана на Моринај за тој да не биде проследен до Србија. Му го ветивме тоа не неговото семејство“ – се вели меѓу другото во соопштението на Албанската Фудбалска Федерација.

Албанските фудбалски фанови за вечерва организирале и протест во Тирана, се со цел и Владата да се вклучи во овој случај.

Се вчитува...