Случајно или не – Секогаш кога сестра му има роденден, Нејмар не игра!

„Ако Реал Мадрид сака да го донесе Нејмар, мора да му овозможи слободен ден за роденденот на Рафаела“ – се пошегува лани Серхио Рамос.

Шегата на сметка на бразилскиот фудбалер за роденденот на неговата сестра не е случајна. На роденденот на Рафаела, Нејмар е редовно или повреден или суспендиран и мора да отпатува Бразил. И тоа се случува четврта година по ред.

Фудбалерот на ПСЖ сега има повреда на стапалото поради која мора да паузира неколку месеци. Неговиот татко вели дека не ќе може да игра шест до осум недели и дека ќе го пропушти реваншот против Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите. А операцијата на стапалот ќе му биде извршена во Бразил.

Сето тоа пак неверојатно се поклопува Нејмар четврта година по ред да го пропушти натпреварот на роденденот на неговата сестра на 11 март!

Се вчитува...