Смената на Беџети потврдена и во Централниот регистар на РМ... (ФОТО) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
20/07/2017 22:25
Кошарка
20/07/2017 22:38
Фудбал
20/07/2017 19:53
Фудбал
20/07/2017 18:53

Смената на Беџети потврдена и во Централниот регистар на РМ… (ФОТО)

Смената на Беџети потврдена и во Централниот регистар на РМ… (ФОТО)

Агим Куртиши и официјално е нов претседател на одборот на директори на ФК Шкендија, кој доаѓа на местото на досегашниот прв човек Абдулменаф Беџети.

Како што претходно објави ЕКИПА, промените во раководството на Шкендија доаѓаат само еден ден по вчерашното финале во Купот на Македонија и поразот на тетовци од Пелистер во битката за трофејот во најмасовното домашно клупско натпреварување. Смената на Абдулменаф Беџети, која претходно ја најави ЕКИПА, попладнево официјализирана и преку Централниот регистар на Македонија каде во официјалната документација на ФК Шкендија – АД Тетово е извршена промената.

Print skrin - CRM

Академик Абдулменаф Беџети е сменет од претседателското место на одборот на директори на клубот и извршен директор, функции кои ги извршуваше изминативе години по преземањето на финансирањето на клубот од страна на Лазим Дестани, а на негово место е назначен Агим Куртиши досегашен неизвршен член во раководните структури на клубот.

Причините за промената, согласно нашите информации, се од лична природа а во договор на сопствениците на Шкендија и академик Беџети, кого во наредниот период го очекуваат нови ангажмани во општествениот живот.

За следната сезона се најавуваат и дополнителни промени во организациските структури на клубот, но и во стручниот штаб на тимот. По разрешувањето на Томас Брдариќ од следната сезона нов шеф на стручниот штаб на Шкендија треба да биде актуелниот тренер на Ренова, Ќатип Османи.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.